Apple во понеделникот го претстави новиот iPad Pro којшто доаѓа со помал екран од првиот Pro модел кој се покажа како навистина популарен кај корисниците.
iPad Pro 9,7 инчи се смета и како трета генерација од iPad Air, за кој е решено сепак да го носи името Pro, со што се покажува и целната група на овие уреди во последно време.
Овој нов таблет покрај тоа што е помал во димензиите беше најавено дека доаѓа со истите компоненти како кај поголемиот модел, а за одредени работи и подобри. Така, помалиот модел доаѓа со новата 12 магапикселна камера од 6S моделите, како и TrueTone технологија за екранот која го прилагодува во зависност од надворешната светлина.
Овој таблет компјутер работи според најавите на A9X чипот од Apple на којшто работи и поголемиот модел, но сепак со нешто намалени вредности.
iPad Pro 9,7 работи на 2,16 GHz, за разлика од поголемиот модел кој работи на 2,24 GHz. Ова можеби и не е некоја значителна разлика, посебно кога ќе се земе во предвид помалиот екран со помала резолуција.
Она што сепак може да наиде на критики е дупло помалата количина на RAM меморија со која доаѓа помалиот уред. Наместо 4GB како во случајот во поголемиот модел, помалиот iPad Pro доаѓа со 2 GB.
Ова може да се покаже како проблем кај корисниците кои ќе сакаат да го користат како замена за лаптоп искористувајќи ги новите мултитаскинг можности на оперативниот систем.
Инаку до овие информации има дојдено главниот уредник на порталот TechCrunch којшто ги има добиено на тест новиот iPad Pro, како и новиот iPhone SE.
Тој го има тестирано уредот со апликацијата Geekbench од каде што има дојдено до вредностите за A9X чипот.
Here’s a single Geekbench run with stats on iPad Pro 9.7″ pic.twitter.com/vwqlKtsIUm
— Matthew Panzarino (@panzer) March 22, 2016
Извор: TechCrunch