По најавата дека има големи шанси Apple оваа среда да го претстави својот поевтин iPhone, сега тука се и информации за што е тоа што може да очекуваме од наредната генерација од „стандардните“ модели од компанијата.

Информациите кажуваат нешто што сметаме дека мораше да се случи, затоа што ако Apple се решеше за уште една година со истиот дизајн на iPhone, ќе им направеше голема услуга на своите најголеми конкуренти.

Како и обично, изворите на медиумите не сакаат да бидат официјално именувани, па така информациите се сметаат за неофицијални. Сепак, со оглед на медиумот кои ги објавува, Bloomberg, но и другите досегашни информации, шансите се големи дека тие се точни.

Според изворите, iPhone 12 или како и да биде именуван, ќе дојде во 4 варијанти, односно ќе бидат претставени 4 различни модели. Четвртиот модел, односно додаток на ланските 3, ќе биде уште еден iPhone од „пониска“ класа, што значи дека ќе има два модели без Pro додатокот.

Информациите одат повеќе во правец на тоа што може да се очекува од Pro моделите. Според нив, едниот од Pro моделите ќе има уште поголем екран од ланскиот, а главната информација е дека ќе им биде променет дизајнот.

Новите дизајн треба да биде сличен на тој кај iPad Pro, односно ќе има метална и рамна страна, нешто слично на iPhone 5, но се разбира освежено за нови модели.

Покрај тоа, исечокот на горниот дел од екранот, којшто е прилично голем, конечно ќе биде намален, со цел да во иднина биде целосно тргнат.

На задната страна се најавуваат повторно 3 камери, со тоа што ќе биде додаден и новиот LiDAR сензор којшто беше претставен кај новиот iPad Pro од минатиот месец. Овој сензор треба да овозможи поточна проценка за оддалеченоста на објектите, нешто што најмногу ќе дојде до израз кај апликациите за изменета реалност.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2Bloomberg
Претходна статијаОфицијално претставена апликацијата StopKorona!
Следна статијаMicrosoft Edge 81 ја донесува Collections функцијата и уште неколку други новини
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.