181707-oneplusonefull

Светот конечно доби шанса и официјално да се запознае со OnePlus One, паметен телефон за кој се вели дека ќе ги замени сите останати познати модели… Барем момците од OnePlus го тврдат тоа.

Телефонот ќе стане достапен во светски рамки веќе утре, а она што е интересно е дека првите 100 уреди ќе бидат доделени на навистина уникатен начин. Се работи за настанот наречен OnePlus Phone Smash, на кој првите сто присутни ќе можат да дојдат до OnePlus One за само еден долар. Како? Се’ што треба е да го понесат со себе својот тековен мобилен телефон и да го предадат на уништување, и ништо повеќе. Потоа, стотемина среќни корисници ќе имаат можност да испратат покана до своите роднини и пријатели, за и тие да можат да дојдат до овој паметен телефон. Откако настанот ќе заврши, OnePlus ќе продолжат да канат потенцијални корисници преку промоции на популарните социјални мрежи.

Сепак, претпоставувам дека вас повеќе ве интересираат некои од главните карактеристики на овој телефон. Истите можете да ги погледнете на следната слика:

Четиријадрениот процесор ќе работи на 2.5 GHZ, а ќе биде поддржан од 3GB LP-DDR3 RAM меморија. Покрај главната камера од 13 мегапиксели, телефонот ќе има и предна камера од 5 мегапиксели, што е повеќе од доволно за оние што практикуваат воспоставување на видео повици. OnePlus One ќе работи на CyanogenMod 11S, систем базиран на Android 4.4 KitKat, воедно и мешавина од познати Android апликации и напредни функции.

Доколку сте заинтересирани да го имате овој паметен телефон, можете да бирате помеѓу 2 модели, односно бел со внатрешна меморија од 16GB (269 евра) или црн со внатрешна меморија од 64GB (299 евра). Од OnePlus се „колнат“ дека доколку се решите да станете корисник на нивниот телефон, нема веќе никогаш да погледнете во конкуренцијата. Моќните перформанси на OnePlus One, во комбинација со дизајнот допадлив за сечие око, би требало да се покажат како клучни за очекуваниот успех на пазарот.

Претходна статијаNexus 8 направен од HTC треба да биде претставен оваа година?
Следна статијаКорисниците не ги користат апликациите од Samsung