Компанијата која е позната по тоа што нуди одлични смартфони од високата класа, по цена на смартфони од средната класа, на 20 јуни ќе лансира нов модел. Пред да го лансираат, како и што правеа порано, тие самите пуштаат фотографии од дел од смартфонот, а сега и едно кратко видео на твитер.
Видеото не открива нешто што не знаевме досега – OnePlus 5 ќе биде телефон изработен од алуминиум, кој неодоливо ќе наликува на iPhone 7 Plus. Како и кај конкурентот од Apple и тука фокусот ќе биде на задната двојна камера, за која OnePlus велат “focust on what matters”, односно фокусирај се на она што е важно.
Coming Soon. #OnePlus5 https://t.co/XWfMtBbOFg pic.twitter.com/HULFUiW6EB
— OnePlus (@oneplus) June 9, 2017
Според ова, може да очекуваме камера која ќе овозможи одделување на субјектот од позадината, со „заматување“ на позадината, како што тоа го прават професионалните апарати. Досега многу телефони имаа ваква можност, но истата е само делумно успешна.
Останатите спецификации се исто така познати – процесорот ќе биде Snapdragon 835 и ќе биде помогнат од масивни 8 GB рам меморија, а дисплејот веројатно конечно ќе има резолуција од 2560х1440 пиксели.
Цената веројатно ќе скокне на околу 500 долари, што иако влегува во високата класа и натаму е поевтино од етаблираните конкуренти, особено што тие и немаат толку моќни спецификации како OnePlus 5.
Како и да е, овој телефон треба да биде претставен многу наскоро, на 20 јуни, кога ќе ни бидат откриени сите детали.
Извор: TechnoBuffalo, The Inquisitr, XDA Developers