E Ink е технологија за екрани која што обично можеме да ја сретнеме во електронските читачи за книги, како Kindle од Amazon, на пример. Овие екрани, за разлика од LCD екраните, своето осветлување го добиваат од надворешната околина и наменети се да бидат еден вид на електронска верзија на обична хартија. Една од најголемите предности на овие екрани е нивната мала потрошувачка на енергија. Исто така ваков екран може да се сретне на интересниот концепт телефон, YotaPhone, која што на предната страна користи стандарден LCD екран, а на задната страна има втор екран кој што е направен со E Paper технологија. E Ink е една од повеќето достапни E Paper екрани.
Onyx е полска компанија која што работи со производство на е-читачи на книги. Истата на годинешниот CeBIT настан претстави мобилен телефон кој што има екран направен со Е Ink технологијата. MIDIA InkPhone доаѓа со 4,3 инчен E Ink екран, како и мала RAM меморија која што сеуште не е објавена. Исто така има 4 GB внатрешна меморија за складирање и можност за вклучување на microSD картичка до 32 GB. Доаѓа со Android оперативен систем, меѓутоа не е вклучена Play Store продавницата за апликација, поради типот на екранот кој што не е направен за било какви апликации. Може да се каже дека овој уред претставува е-читач на книги кој што ја има и можноста за правење на телефонски повици.
Главната карактеристика со оглед на технологијата која што ја користи овој телефон е времетраењето на батеријата. Уредот вклучува батерија со капацитет од 1.800 mАh и според производителот може да издржи повеќе од 2 недели пред повторно да има потреба од полнење.
Извор: Engadget