Oppo-5-2015 (1)

Neo 5 (2015) и Neo 5S се двата нови паметни телефони на кинескиот производител Oppo, кои како и другите модели на брендот имаат тенко и елегантно стаклено куќиште, придружено со солидни спецификации.

Двата модели имаат екрани со големина од 4,5 инчи и резолуција од 854х480 пиксели. Однадвор се целосно подеднакви и единствената разлика е во вградениот чипсет. Имено, моделот Neo 5 (2015), кој е наследник на истоимениот модел од 2014 година, има MediaTek процесор со четири Cortex A7 јадра со брзина од 1,3 GHz и Mali-400MP2 графика, додека моделот Neo 5S има Snapdragon 410 процесор со четири Cortex A53 јадра со брзина од 1,2 GHz и Adreno 306 графика.

Во поглед на перформансите, двата модели не би требало многу да се разликуваат, иако процесорот на Snapdragon е од поновата генерација. И двата процесори се помогнати од 1 GB рам меморија, како и 8 GB простор за складирање податоци, со можност за проширување преку micro SD картичка.

Oppo-5-2015 (2)

Главната разлика доколку се одлучите на Neo 5S верзијата ќе биде можноста за LTE, односно побрза, 4G конекција, бидејќи MediaTek чипсетот има вграден модем само за 3G конекција.

Останатите спецификации откриваат предна селфи камера со 2 мегапиксели и задна камера со 8 мегапиксели и брза бленда f2.2, која треба да овозможи поубави и поостри фотографии навечер. Батеријата има капацитет од 2000 mAh, што е веројатно доволно за мобилен со големина на екранот од 4,5 инчи и релативно штедлив процесор во внатрешноста.

Neo 5 (2015) и Neo 5S ќе доаѓаат со вграден Android KitKat 4.4.2, нормално преоблечен во Color OS скинот на Oppo.

Извор: GSM Arena

Претходна статијаSiME се паметни слушалки кои го имитираат Google Glass
Следна статијаApple патент за слушалки кои го подобруваат звукот кога ги користат двајца слушатели