nexus-7-2013

Кои ќе бидат уредите кои што ќе го носат брендот на Google за оваа година е нешто што е предмет на шпекулации веќе одреден период. Веќе можевме да прочитаме за планот на Google наредниот таблет компјутер да биде нешто поголем од Nexus 7 моделот, односно тој да го носи името Nexus 8 и соодветно големината да биде популарната од 8 инчи. Оваа информација која што кажува дека производителот овој пат треба да биде HTC е исто така непотврдена. Се разбира тука е и наредниот паметен телефон за кој што се очекува да го носи името Nexus 6.

Сепак официјална потврда од страна на Google нема за вистинитоста на шпекулациите. Информацијата за тоа дека се работи на овие два модели доаѓа од страна на Florian Kiersch и Carsten Knobloch кои што имаат дојдено до овие имиња прегледувајќи код од Chromium проектот кој што е open source. Се работи само за спомнување на имињата, па повеќе информации нема, а не е сигурна и нивната точност.

nexus-6-chromium-code-review-1

nexus-8-chromium-code-review-1

Се ближи Google I/O настанот кој што се одржува во Јуни, па нема уште многу да треба да чекаме да дојде крајот на шпекулациите и да видиме официјално што е тоа на кое што од оваа компанија работат за оваа година.

Извор: BGR

Претходна статијаНова верзија на продавницата за апликации во Windows 8.1
Следна статијаПрв целосно таен оптички комуникациски систем
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.