За оние неспретните со својот смартфон, но и за сите оние кои често го носат на спортување или пак на некое „опасно“ работно место, Samsung ја има Active серијата на смартфони на Galaxy S смартфони, која во најновата генерација сѐ уште не ја доживеа својата премиера.

Ова наскоро ќе биде исправено – Samsung спрема нов Galaxy S8 Active модел, кој ќе има многу подобар дизајн од порано, со помала рамка, но и натаму висока издржливост и отпорност на паѓање, шокови и вода.

Поточно, како и претходникот и овој модел се очекува да има MIL-STD-810G сертификација, што значи дека ќе има заштита од сол, песок, влажност, дожд, вибрации, соларна радијација и отпорност на шокови и високи температури. Покрај тоа, очекувајте висока заштита од паѓање и супериорна издржливост под вода.

Сето ова ќе биде вклопено во тело со многу мала рамка околу дисплејот, како и кај обичниот Galaxy S8, со таа разлика што тука дисплејот нема да биде Edge на страните.

Спецификациите ќе бидат супер моќни, односно скоро целосно исти на обичната S8-ка. Процесорот ќе биде Snapdragon 835, помогнат од 4 GB рам и 64 GB простор со слот за micro SD, задната камера ќе има 12 мегапиксели, додека предната ќе има 8 мегапиксели. Единствено батеријата ќе биде поголема и тоа не за малку – ќе има 4.000 mAh часови, споредено со 3.000 кај обичниот модел, што е прилично многу, дури и за големиот 5,8 инчен дисплеј со 18,5:9 сооднос на страните.

Извор: TechRadar, SlashGear, Android Police

Претходна статијаHuawei го најавува Mate 10 како супериорен конкурент на iPhone 8 и Galaxy Note 8
Следна статијаУште 8 дена до најголемиот спортски настан во Македонија