iphone-6s-shell-leak-004-1280x1921

Протекоа првите фотографии од телото, односно куќиштето на новиот iPhone 6S и според она што можеме да го видиме на нив, новите телефони на Apple ќе го имаат целосно истиот дизајн како и досега, всушност, како и секој S модел во минатото.

Секако, новите iPhone-и и натаму ќе бидат изработени од алуминиум. Исто така, пластичните линии за антените исто така ќе бидат пренесени во новиот модел, како и распоредот на копчињата, камерата и блицот.

iphone-6s-shell-leak-008-1280x854

Бидејќи на фотографиите можеме да го видиме само телото, не можеме со сигурност да кажеме дека камерата нема да излегува неколку милиметри надвор, но тоа е секако очекувано.

Поголемите промени ќе бидат во внатрешноста, каде матичната плоча ќе биде зацврстена на различни места на телото, а ќе има и малку различен распоред на самиот чипсет.

Главните промени кои ќе може да ги забележи самиот корисник се новата камера, која конечно ќе треба да добие сензор со повеќе мегапиксели (веројатно 12) и можност за снимање Ultra HD видео.

iphone-6s-shell-leak-005-1280x854

За прв пат ќе биде достапен и екран со Force Touch, кој ќе направи да се чувствувате дека стискате вистинско копче кога посилно ќе притиснете на него. Силното притискање ќе се користи за секундарни функции, односно да го замени долгиот допир.

Секако, како и со секој нов модел и iPhone 6S и 6S Plus ќе го добијат најновиот процесор од понудата на Apple, кој ќе има две јадра кои ќе работат на 2.0 GHz.

iphone-6s-shell-leak-001-1280x854

Извор: Techno Buffalo

Претходна статијаLockheed и NSA работат на биометриска автентикација преку движењата врз екранот
Следна статијаНовиот ултра широк и заоблен монитор на Acer има графичка технологија на AMD