iphone-7

Кинеската социјална мрежа Weibo стана дежурна за протекување на информации за нови уреди. Овој пат имаме фотографија која според информациите е од финалниот iPhone 7 во златна боја и на која можат да се видат неколку промени во однос на актуелниот модел.

Уште веднаш може да се забележи дека обичната 7-ка најверојатно нема да има две камери – тие ќе бидат наменети само за поголемиот Plus модел. Исто така, како што веќе се најавуваше, пластичните линии за антената ќе бидат поставени на страничниот дел од телефонот, во горниот и долниот дел.

gsmarena_002

На фотографијата може да се види и дека Apple веројатно конечно ќе вгради втор микрофон на 7-ката, кој ќе помогне во снимање на видео стерео звук, нешто што конкуренцијата го има веќе одамна. Исто така, камерата делува како да е поголема, што е веројатно најава за поголем сензор, што треба да придонесе за поголеми пиксели и ултимативно, уште поквалитетни фотографии.

На фотографијата од Weibo сепак не може да се види најавуваниот Smart Connector за поврзување на за поврзување на дополнителни уреди, исто како што имаат iPad Pro моделите. Но, на шема од новиот iPhone која ја протече популарниот твитер профил OnLeaks, може да се види ваков приклучок, што е веројатно најава дека ваква можност ќе има само поголемиот Plus модел.

Секако, сите овие фотографии не значи дека се вистинска репрезентација за тоа како ќе изгледаат финалните производи – сето ова треба да се земе со мала задршка.

Извор: TechnoBuffalo, Mashable, GSMArena

Претходна статијаGoogle претстави апликација за полесно групно споделување
Следна статијаOneDrive достапен како универзална апликација за Windows 10 на десктоп