
На најпопуларниот паметен телефон во светот му е сѐ потешко да ја следи Android конкуренцијата, а тоа особено важи за иновациите кај камерите. Затоа, според најнови протечени информации, новиот iPhone 7 Plus ќе направи голем исчекор во квалитетот на камерата, поточно, ќе има две камери позади, а притоа ќе има и 3 GB рам меморија, што е навистина многу за паметен телефон со iOS оперативен систем.
Две камери заедно не се ништо ново – HTC направи ваков експеримент уште со One M8, кој имаше можност за изолирање на позадината благодарение на длабинската информација што можат да ја дадат две камери. Денес популарните LG G5 и Huawei P9 исто така имаат две камери – првиот има дополнителна камера со широк агол, додека кинескиот конкурент има една камера во боја и една црно бела, со цел да се постигнат фотографии со подобар контраст и динамички опсег.

Кај iPhone камерите веројатно нема да ги имаат истите можности, но затоа ќе понудат веројатно и нешто многу поинтересно – замена за оптички зум. Имено, Apple веќе има таква технологија во својот арсенал, благодарение на компанијата LinX, која ја купи неодамна. Израелската компанија развива специјални камера модули со повеќе леќи и сензори, кои со специјален софтвер можат да имитираат оптички зум.
За да функционира овој софтвер, веројатно му требаат прилично моќни компоненти и веројатно затоа Apple ќе се одлучи на 3 GB рам меморија за новата Plus изведба, особено што актуелните модели со 2 GB рам сѐ уште се меѓу најбрзите паметни телефони на пазарот, ако не и најбрзи.

Двојната камера нема да биде достапна во помалиот iPhone 7, а поголемиот модел веројатно ќе има и Smart Connector како кај iPad Pro, со цел поврзување на надворешни додатоци.
Извор: TechRadar, Mac Rumors, GSMArena



![[АНАЛИЗА] Изборот е твој: Кој модел од Galaxy S26 серијата е скроен за твојот дигитален стил?](https://smartportal.mk/wp-content/uploads/2026/09/407-kv-family-galaxy-s26-fe-galaxy-s26-galaxy-s26plus-s26ultra-1200x600-1-218x150.webp)





























![[АНАЛИЗА] Изборот е твој: Кој модел од Galaxy S26 серијата е скроен за твојот дигитален стил?](https://smartportal.mk/wp-content/uploads/2026/09/407-kv-family-galaxy-s26-fe-galaxy-s26-galaxy-s26plus-s26ultra-1200x600-1-100x70.webp)



