raspberrypi

Иако Raspberry Pi важи за еден од најмалите и најевтини компјутери во светот, со него не доаѓаат надворешни компоненти, па купувањето на монитор, маус и тастатура, значително ја покачуваше цената. Затоа, Raspberry фондацијата лансираше 7 инчен монитор со екран на допир, кој прави Pi да функционира како таблет, без потреба од маус и тастатура.

Ова решение може во големо да ја подобри употребливоста и функционалноста на уредот. Самиот дисплеј инаку има резолуција од 800х480 пиксели, што е на ниво на таблетите од пред 5 години, но тоа е веројатно максимумот кој може да се добие за 60 долари. Од друга страна, екранот поддржува до 10 прсти во исто време, што е одлично.

piscreen

Компјутерот се приклучува на дисплејот во задниот дел, а има и дел кој го држи прицврстен, но самото поврзување не е баш најелегантно решено и треба да имате прилично мирна рака. Мониторот е компатибилен со Raspberry Pi B, B+ и A+ моделите.

На мониторот ќе се прикажува Raspbian оперативниот систем, кој не е баш оптимизиран за екраните на допир, но барем има можност за прикажување на виртуелна тастатура, што значи дека нема да има потреба од приклучување дополнителна.

pidisplay

 

Како и да е, идејата на Raspberry Pi не е да го користите како таблет за секојдневно користење, туку тој е пред се наменет за развивање на програмерските и слични други компјутерски вештини кај децата, односно сите кои сакаат да научат нешто повеќе и да експериментираат.

Извор: ZDNet, Engadget

Претходна статијаAdBlock Plus официјално го претстави својот прелистувач за Android и iOS
Следна статијаПрви информации за новиот телефон на Nokia!