Realme одредено време најавуваше комерцијален смартфон со капацитет на батерија од околу 10.000 mAh, па дури и повеќе. Сега, кон крајот на годината, „протекоа“ слики и информации за моделот со кодно име RMX5107, кој има батерија со капацитет од точно 10.001 mAh.
Овој капацитет е минимално поголем од оној на неодамна лансираните Honor Win и Win RT модели (10.000 mAh), кои се првите масовно достапни телефони со ваков капацитет. Realme досега ги ограничуваше своите модели на максимум 7.000 mAh (како во GT 8 Pro), па овој чекор претставува голем напредок во нивната понуда.
Од неофицијалните податоци (од менито „About phone“) дознаваме и неколку детали за овој телефон, а сликата доаѓа од руски блогер, како на пример Realme UI 7.0 базиран на Android 16, меморија од 12 GB RAM и 256 GB простор.
Моделот моментално е во процес на сертификација за рускиот пазар, што укажува на наскоро претставување, веројатно во првите месеци од 2026 година. Сè уште нема официјално име или точен датум од Realme.
Со батерија од ваков размер, уредот би требало да нуди исклучителна автономија, потенцијално неколку дена при стандардна употреба или интензивни сесии без потреба од полнење. Ова го позиционира како директен конкурент на новите модели со големи батерии на пазарот.
Дополнителни детали ќе следат кога Realme ќе ги објави официјално.
Уште чекаме на Samsung и Apple да почнат да ги користат ваквите батерии, кои доаѓаат со поголема густина, односно го користат силициумот за постигнување на поголемиот капацитет.











































