untitled copy

Пазарот на паметни телефони денес е преплавен со стотици различни брендови, од кои поголемиот дел се од Кина, но многу од нив и етаблирани компании со долгогодишна историја на работење во сферата на технологијата. Сепак, според ново истражување, само Apple и Samsung заработуваат пари од паметните телефони – останатите се или на нула или во загуба.

Истражувањето го има направено инвестициската компанија Cannaccord Genuity, во кое тие ги имаат пресметано оперативните маржи кај сите поголеми производители на паметни телефони, со цел да откријат кои производители со колкав профит работат.

Според нивните истражувања, Apple заработува убедливо најмногу од својата мобилна дивизија, што беше и очекувано, со 38% маржа.

Samsung, исто така очекувано е втор со 17% маржа, додека сите останати поголеми производители се на нула (Sony) или во минус (LG со 5%, Lenovo со 10%, HTC и Microsoft со 22%).  Дека HTC и Microsoft имаа загуби веќе знаевме, но изненадува позиција на LG, кои имаат прилично агресивен настап на смартфон сцената, што алудира на тоа дека имаат и добра заработка.

Она што фали во ова истражување, односно е дури и голем пропуст, е тоа што не се ставени големите кинески производители како Huawei и Xiaomi, кои се сериозни играчи на смартфон сцената и редовно се наоѓаат меѓу 5-те најпродавани производители.

Извор: The Next Web, Fortune, Digital Trends

Претходна статијаXiaomi го претстави новиот Redmi Note 4 – има одлични спецификации и многу ниска цена
Следна статијаTeslaCity ќе извади на пазарот сончеви ќерамиди