Star Wars: The Rise of Skywalker треба да излезе во кината на 20 декември, а ова ќе биде и последната, деветтата епизода од „Скајвокер сагата“. Исто така, ова е третата епизода од продолжетокот на старите филмови.
Samsung во соработка со Lucas Films ќе претстави ограничена количина од нивниот Galaxy Note10+ во посебна „Star Wars Special Edition“ верзија. Оваа верзија од телефонот ќе биде претставена во декември и ќе може да се купи, покрај во ограничена количина и во ограничен број на пазари во светот.

Star Wars верзијата од Galaxy Note10+ ќе дојде во посебна боја, црна со црвени делови, а во пакувањето ќе има и посебна верзија од Galaxy Buds, како и посебен беџ за фановите. Софтверот на телефонот исто така ќе дојде со посебни теми, икони, звуци и слично.
Во продолжение официјалниот трејлер од Star Wars: The Rise of Skywalker и потсетување дека ќе можете да го гледате филмот при крајот на идниот месец.