Веќе сме на нешто повеќе од 2 недели до Unpacked настанот кој и оваа година ќе се одржи во Сан Франциско, а на кој ќе бидат претставени Galaxy S20 уредите. Ова е името кое се верува дека ќе се користи за новата S серија, односно Samsung нема да ги нарече S11, како што доаѓа на ред.
На овој настан, покрај Galaxy S20, кои ќе дојдат во три различни модели, се очекува претставување и на Galaxy Z Flip, вториот уред од Samsung со екран кој се превиткува, овој пат на хоризонталната линија.
Од трите модели кои ќе ги има S20 серијата, најскапа и со најмногу новини ќе биде Galaxy S20 Ultra 5G. 91mobiles повторно излегуваат со ексклузивни информации, а овој пат и најава за цената на овој уред.
Тие објавуваат најнови „рендери“ од Galaxy S20 Ultre 5G од кои се гледа изгледот на уредот, но и една нова работа која досега не беше позната. Според информациите, овој телефон ќе дојде со 4 камери на задната страна, од кои едната ќе биде со 10x оптичко зумирање, како и 100x дигитално зумирање.

Оваа камера на сликата се гледа дека е означена како Space Zoom, а со оглед на можноста за зумирање, ова име секако е добро избрано. Ќе треба само да видиме, доколку овие информации навистина се покажат како точни, како сето тоа ќе биде изведено практично и од софтверска страна со цел добивање на доволно квалитетни слики.
За останатите 3 камери, односно сензори, се најавува дека ќе дојдат со 108 мегапиксели кај главната камера, 48 мегапиксели кај телефото камерата и 12 мегапиксели кај камерата за ултра широки слики. На задната страна ќе биде достапен и веќе стандардниот сензор за точно одредување на оддалеченоста на објектите кои се сликаат, со што се овозможуваат дополнителни ефекти.
Тоа што исто така дополнително се истакнува кај овој телефон е и огромната батерија со капацитет оф 5.000 mAh, но оваа информација веќе одреден период се смета за точна. Екранот ќе биде со големина од 6,9 инчи и ќе има една мала дупка за предната камера со 40 мегапиксели на средината од екранот.
Цената која се најавува за Galaxy S20 Ultra 5G е 1.350 евра за како што се истакнува основниот модел, додека моделот со 512 GB простор за податоци ќе цена од 1.550 евра.