Изворите на неофицијални информации веќе немаат граница кога објавуваат нешто ново, па еве сега почнаа да излегуваат детали за Galaxy S24, серија која Samsung ќе ја претстави на почетокот од идната година.

Според извори од SamLover, главниот модел од серијата, односно Galaxy S24 Ultra ќе дојде со поголема стапка на освежување на екранот од досегашната, па наместо 120, ќе има стапка од 144 херци.

Ова можеби нема да биде важно за повеќето корисници кои добиваат одличен екран со 120 херци, но сепак ќе може да се забележи кај одредени игри, а тука се и малите разлики при гледањето на анимациите, при отворање на апликации на пример и слично.

Според додатни информации, Galaxy S24 серијата се очекува да работи на наредната генерација од чипот на Qualcomm, Snapdragon 8 Gen 3, за кого веќе читаме најави дека треба да биде доста подобар од сегашниот, односно да понуди поголема разлика од година во година.

Snapdragon 8 Gen 3 наводно ќе го зголеми бројот на јадра за поголеми перформанси и ќе биде најголем досега. Тоа значи дека овој чип ќе ги има перформансите во преден план, па соодветно треба да се очекува и подобрувањето во споредба со моменталниот модел.

Покрај ова, Galaxy S24 серијата се очекува дека ќе ја користи наредната генерација од UFS просторот за податоци, а тоа е нешто што прави голема разлика за брзината на работа на уредот.

Има уште многу време до претставувањето на оваа серија, па дотогаш ќе прочитаме уште доста неофицијални информации.

ИЗВОР91mobiles
Претходна статијаНовиот Bing сега вклучува слики и видеа во одговорите на прашањата
Следна статијаTwitter го отвори кодот од алгоритамот кој одлучува што да им биде прикажано на корисниците
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.