Се работи за гласина пуштена преку Twitter од страна на Eldar Murtazin, според кого најновиот и долго очекуван Galaxy S5 модел од Samsung ќе биде претставен нешто порано од очекуваното, односно пред почетокот на MWC идниот месец во Барселона на 23 Февруари. Овој блогер, за кого се верува дека има големи шанси да има точни информации поради точното предвидување на претставувањето на Galaxy S4 минатата година, оди до таму што го најавува и часот кога ќе биде одржана прес конференцијата каде што ќе биде претставен S5 моделот, односно 18:00 часот според локално време.
Samsung Galaxy S5 launch – 18.00. Barcelona. 23 February. Price the same. Launch – end of April. Specs – u know them :) new touchwiz ;)
Според информациите што наводно ги има Eldar, S5 ќе дојде со нова верзија од TouchWiz која што ќе претставува поголема промена од досегашниот стил на корисничкиот интерфејс. Исто така се верува дека ќе дојде со 5,25 инчен екран со 2К резолуција.
До оваа дата останува уште еден месец, па нема да треба многу да чекаме за да видиме дали оваа гласина ќе биде точна. Ќе биде интересно да се види што ќе донесе Samsung со својот најнов модел и каков ќе биде во споредба со конкуренцијата.