GALAXY-S5_Combi-2P-0219-599x424

Најновиот и веќе популарен модел од Samsung, Galaxy S5 беше претставен на крајот од Февруари на Mobile World Congress 2014 настанот кој што се одржа во Барселона. На овој настан беа претставени и новата генерација на паметни часовници Gear 2, Gear 2 Neo и Gear Fit. Достапноста на овие уреди за корисниците беше најавена за овој месец, па од денес официјално се спремни за продажба во 125 земји, односно САД, Европа, Средниот Исток, Латинска Америка и поголемиот дел од Азија.

Galaxy S5 доаѓа со нешто променет изглед, што беше разочарување за одреден број на корисници кои што очекуваа поголем редизајн. Вклучува 5,1 Full HD екран, 2.5GHz Snapdragon 800 процесор, 2 GB RAM меморија и повеќе. Паметните часовници го исклучија зборот Galaxy од нивното име, а исто така не работат на Android оперативниот систем како првата верзија, туку на Tizen системот развиван од страна на Samsung.

Цената по која што ќе се продаваат уредите зависи од земјата, како и операторот од кој што би го купиле и договорот што би го потпишале, но во продолжение можете да ги видите препорачаните цени само за уредите:

  • Galaxy S5 LTE 32MB — US$855
  • Samsung Gear 2 — US$320
  • Gear 2 Neo — US$240
  • Gear Fit — US$215

Извор: Samsung Tomorrow, The Next Web

Претходна статијаFacebook ќе ги „расчистува“ спам објавите
Следна статијаКонцепт на интерактивни плочки во Windows
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.