Последниот FE, односно Fan Edition, модел кој го претстави Samsung беше пред две години, односно Galaxy S21 FE моделот. Можевме да прочитаме дека оваа серија е откажана, по подоцна дека повторно е вратена во игра, но неофицијалните информации сега не носат во друг правец на очекувања.
Samsung наводно не работи на развој на нов FE смартфон, односно не треба да се очекува претставување на Galaxy S23 FE. Наместо овој телефон, како дел од истата неофицијална информација, треба да се очекува трет уред на преклоп.
Според Јогеш Брар, Samsung работи на подобрени верзии од Galaxy Z Fold5 и Flip5, како и на претставување на уред кој се преклопува на три дела, односно има два механизми и линии на преклоп.
Нема додатни информации, па главната е дека наместо идната година или уште подоцна, Samsung ќе претстави некој од експерименталните екрани оваа година.
Од еден ваков уред може да се очекуваат повеќе режими на функционирање. Покрај тоа што ќе се има уред кој ќе може да се користи како смартфон и помал таблет, тој ќе може дополнително да се отвори и да има уште поголем екран за посериозна работа.
Доколку информациите се точни, претставувањето на овој уред треба да се случи некаде околу август оваа година, па сигурни сме дека ќе излезат дополнителни информации кои ќе ни откријат нешто повеќе пред официјалното претставување.