Samsung денеска почна да испраќа покани за нов настан кој ќе го одржат овој четврток, односно 17 март. Настанот ќе се пренесува во живо и ќе може да се следи преку YouTube каналот на компанијата со почеток во 15 часот по македонско време.
За разлика од првиот настан на компанијата кога ги видовме новите смартфони од Galaxy S серијата, односно Galaxy S22, сега на овој настан ќе бидат претставени нови уреди од Galaxy A серијата.
Ова значи дека за овој настан може да има и поголем интерес поради познатата Galaxy A серија од компанија за која се карактеристични смартфоните од средната и средно високата класа. Тоа значи дека Galaxy A серијата на корисниците им нуди одлични телефони, кои сепак не чинат како тие од највисоката класа.
„Galaxy A серијата е најпопуларна категорија на паметни телефони на Samsung Electronics и лидер во демократизацијата на иновациите на Galaxy што им овозможува на сите корисници да создаваат, да се поврзуваат и да напредуваат. Оваа година Samsung дополнително ги подобри најважните Galaxy иновации во серијата А. Уредите од одличната нова серија Galaxy A се дизајнирани да обезбедат сеопфатно искуство што корисниците го очекуваат од паметен телефон.“ – истакнаа од Samsung во поканата.
