galaxy-round

Флексибилните екрани минатата година станаа популарни со најавите и шпекулациите за разни уреди кои требаше да може да се превиткуваат, преклопуваат и слично. Меѓутоа кога на крајот беа претставени првите уреди со до некаде превиткани екрани, можеше да се види дека технологијата сепак се’ уште е во развој и ќе треба време додека видиме нешто навистина различно на пазарот, нешто што ќе може да воведе нов видови на уреди и начин на нивно користење. Уредите кои што официјално беа претставени минатата година кои што може да се каже дека ја најавуваат технологијата на заоблени екрани беа LG G Flex и Samsung Galaxy Round.

Според неофицијални информации, Samsung планира да претстави уред со големина од 7 до 8 инчи кој што ќе може да биде превиткан на три места. Ова ќе овозможи уредот да може да се користи во различни форми, а со тоа да замени неколку уреди. Поточно кога е целосно отворен ќе може да се користи како таблет компјутер, а кога ќе биде превиткан како мобилен телефон. Повеќе детали околу овој уред нема, а се очекува да биде претставен дури идната година, па значи дека ќе причекаме да видиме дали има нешто вистина во овие тврдења.

patent-samsung

Ваквите уреди, кога технологијата зад нив доволно ќе биде развиена, ќе претставуваат еден вид на револуционирање на начинот на кој што ги користиме нашите телефони и таблет компјутери денес. Сличен концепт беше претставен и од страна на канадскиот Queens Универзитет за кој што можевте да прочитате минатиот месец.

Извор: Android Authority