GT3Lite

Од Samsung деновиве пристигна официјалната најава на Lite верзија од популарната Galaxy Tab3 линија таблети и со тоа ги потврди гласните кои во последно време кружеа по интернет. Galaxy Tab3 Lite ќе биде позициониран на самото дно од таблет понудата на Samsung, чиј главен адут ќе биде цената. Имено, Galaxy Tab3 Lite ќе биде досега најевтиниот таблет на Samsung, со кој компанијата ќе се обиде да им конкурира на евтините кинески таблети присутни на пазарот.

Ако ги споредиме спецификациите, ќе видиме дека Galaxy Tab3 Lite е многу сличен со стандардната 7-инчна верзија на Galaxy Tab3. Таблетот доаѓа со 7-инчен WSVGA (1024x600p) екран и користи дво-јадрен процесор со фреквенција од 1.2 гигахерци, поддржан од 1 гигабајт RAM меморија. За складирање на податоци ќе бидат достапни 8 гигабајти со можност за надградба преку microSD картичка. Батеријата е со капацитет од 3600 мили-ампер часови.

Од аспект на дизајн Galaxy Tab3 Lite е за 0.2 милиметри потенок од Galaxy Tab3 7.0, но е поширок и повисок за 5 милиметри. Исто така, контрадикторно на името Galaxy Tab3 Lite е за 10 грама потежок од стандардниот Galaxy Tab3. Сепак, Lite придавката во случајов се однесува на недостатокот на функции во полза на пониска цена, како што е неприсуството на предна камера.

GT3Litem

Galaxy Tab3 Lite ќе работи на Android 4.2 (Jellybean) и се очекува да биде глобално достапен веќе од февруари во црна и бела варијанта.

Претходна статијаНови долготрајни батерии од Amprius
Следна статијаMicrosoft припрема нови Surface уреди