Фото: Samsung

Пролетниот период ги интензивира теренската работа и деловните обврски надвор од канцеларијата. Во вакви услови, паметниот телефон веќе не е само уред за комуникација, туку клучна работна станица. Новата Samsung S26 серија пристигнува во вистинско време – дизајнирана токму за овој преод, каде границата помеѓу десктоп перформансите и мобилната преносливост речиси исчезнува.

Snapdragon 8 Elite Gen 5: Нова дефиниција за брзина

Она што го прави новиот Galaxy вистински „ѕвер“ не се само бројките на хартија, туку начинот на кој неговата внатрешна архитектура работи во совршена хармонија. Оваа година, Samsung не само што ја помести границата, туку целосно ја редефинираше ефикасноста. Во центарот на моделот  Galaxy S26 Ultra се наоѓа новиот чипсет Snapdragon 8 Elite Gen 5 за Galaxy, кој носи драстични подобрувања во ефикасноста и процесирањето и им овозможува на корисниците да се потпрат на својот уред.

Процесорска моќ која не познава застој – Централниот процесор (CPU) добива засилување од 19%, што во превод значи крај за застоите при мултитаскинг. Без разлика дали се префрлате меѓу различни апликации или отворени табови, монтирате 4K видео или работите во „тешки“ деловни апликации, системот реагира инстантно. Ова е сурова моќ која е скротена да биде брза токму тогаш кога ви е најпотребна.

Графика која останува ладна под притисок – За гејмерите и креативците, графичкиот процесор (GPU) носи скок од 24% во перформансите. Но, вистинската иновација тука е „тивкиот херој“ – новиот повеќеканален систем за ладење. Овој систем се справува со топлината за 21% поефикасно, што е критично за сите нас кои знаеме колку е иритирачки кога телефонот ќе почне да кочи и интензивно да грее среде интензивна партија игра. Со новата серија уреди, особено со Galaxy S26 Ultra, перформансите остануваат на врвно ниво, без разлика колку долго го оптоварувате уредот.

Мозокот кој учи и ве штити – Сепак, најголемата револуција се случува кај NPU процесорот, кој бележи неверојатен пораст од 39%. Ова е срцето на вештачката интелигенција. Овој напредок овозможува транзиција кон On-Device AI ерата, каде повеќето операции, од превод во реално време до напредно уредување фотографии, се извршуваат локално на самиот чип. Резултатот е молскавична брзина бидејќи нема чекање одговори од „облакот“ и што е најважно, беспрекорна приватност, бидејќи вашите податоци не го напуштаат уредот.

Privacy Display и визуелна прецизност

На моделот Galaxy S26 Ultra, Samsung воведува Privacy Display, прво хардверско решение од ваков вид во индустријата. Екранот ги крие твоите тајни, односно секој кој ќе проба да „ѕирне“ што правиш на телефонот, единствено што ќе може да види е затемнет, замаглен дел. Уште подобро, корисниците можат да одберат дали сакаат целосна приватност, или пак да ги уредат поставките ова решение да опфаќа само одредени апликации или одредени известувања. Со воведување на оваа технологија, Galaxy S26 Ultra дефинитивно е најидеалниот избор за безбедно работење во кафуле или во движење.

За визуелна обработка, имплементирани се два нови системи:

  1. ProScaler (кај Galaxy S26+ и S26 Ultra): Напреден алгоритам за скалирање на содржини со ниска резолуција, кој овозможува поголема јасност во секој пиксел. Со ProScaler, текстот е поостар, а текстурите помазни за врвно визуелно уживање.
  2. mDNIe (mobile Digital Natural Image engine) – ново ниво на прецизност, неверојатно реални бои, суптилни преливања на боите и слика која зрачи со живот.
Фото: Samsung

Професионален сет камери и APV кодек

Камерата на Galaxy S26 Ultra претставува вистинска креативна лабораторија во џебот. Главниот сензор од 200 MP сега апсорбира 47% повеќе светлина во споредба со претходната генерација. За филмски кадри, без разлика на содржината, тука е функцијата за хоризонтална стабилност кај новата Galaxy S26 серија. SuperSteady го држи фокусот на место, дури и кога сè околу тебе е во движење. Кај оваа Galaxy серија е поддржан и професионалниот APV видео кодек, овозможувајќи пост-продукција без деградација на квалитетот на сликата.

Екосистем и безбедност на следното ниво

Вештачката интелигенција сега е во самото јадро на системот: паметна, брза и секогаш чекор пред твоите потреби. Galaxy AI и функциите како Now Brief овозможуваат системот интуитивно да ги предвидува потребите на корисниците во реално време, па така автоматски интуитивно дава брз преглед на денот со сугестии или паметни потсетници за сите важни настани.

Безбедносната архитектура е подготвена за иднината со пост-квантна криптографија, додека Knox Matrix се грижи за синхронизирана безбедност на сите ваши поврзани Galaxy уреди.

Достапност и поволности при нарачка

За „tech“ ентузијастите кои сакаат да бидат едни од првите корисници на Galaxy S26 серијата, Samsung подготви промотивен период за нарачка на уредите кој ќе трае од 25 февруари до 4 март 2026 година. Нарачката носи сериозни придобивки:

  • Двојно повеќе простор за складирање: Нарачувате модел со меморија од 256GB, а бесплатно сте надградени со модел со меморија од 512 GB.
  • Бенефит плус: Со самото тоа што плаќате уред со помалку меморија, а добивате уред со повеќе, уживате во заштеда до 12.000 денари при купувањето на уредот.

Повеќе информации за понудата можете да пронајдете на: www.samsung.com/mk/offer/preorder-galaxy-s26/.