Сигурно се сеќавате на целото фиаско околку проблемите што се појавија околу iPhone 6 Plus, особено со виткањето. Стотици тестови го потврдија проблемот, а многу корисници дури останаа без нивните уреди со обично седнување додека уредот е во предниот (не задниот) џеб на корисникот.
Навистина Apple изгубија многу поени со тоа, бидеќи iPhone од секогаш важел за уред со исклучителна издржливост.
Samsung од друга страна ја искористија целата еуфорија за да привлечат корисници тврдејќи дека нивниот Galaxy Note 4 не се витка, дури направија видео во кое се обидуваат да го докажат тоа.
Но, кармата е лоша работа, бидејќи луѓето кои стојат позади SquareTrade го тестираа новиот Samsung S6 Edge, наспроти iPhone 6 Plus и HTC M9. Резултатите?
iPhone 6 Plus: виткањето се случува на 49 килограми притисок, а целосното уништување се случува на 81 килограм притисок.
HTC M9: виткањето се случува на 54 килограми притисок, но тоа е и кога телефонот стана неупотреблив бидејќи копчето за вклучување е на средината и од виткањето тоа се расипа целосно.
Samsung S6 Edge: виткањето се случува на 49 килограми притисок, исто како кај iPhone 6 Plus, но на тој притисок стаклото на работ е исто така искршено но, уредот се’ уште функционира. Целосното уништвање се случува на 67 килограми притисок.
Резултатите покажуваат дека Samsung S6 Edge е значајно послаб структурно од iPhone 6 Plus, додека HTC M9 страда поради централното поставување на копчето за вклучување.
Извори: CNet, SquareTrade