samsung-note-4-gsmarena

Samsung Galaxy Note 4 се очекува да биде претставен за нешто помалку од еден месец, поточно на 3-ти Септември на закажаниот Unpacked 2014 Episode 2 настан. До тогаш, како и обично, ни останува да ги следиме големиот број на неофицијални информации, слики и видеа кои што доаѓаат од разни извори.

Денес достапни се слики објавени од страна на GSMArena за кои што се тврди, а и најверојатно се од очекуваниот Note 4. Од сликите може да се види дека телефонот ќе доаѓа со нешто поразличен дизајн и материјал, но сепак ќе ја задржи карактеристичноста за оваа серија на уреди од Samsung.

Задниот дел од уредот повторно ќе биде направен од пластика и изглед кој што треба да асоцира на кожа. Меѓутоа за разлика од минатогодишниот модел, овој пат тоа ќе направено на друг начин, а исто така исклучена ќе биде и имитацијата на шевови од конци. Она што би требало да биде добро прифатено од корисниците, а и веќе одреден период очекувано е металната рамка од која што ќе биде направен телефонот. Користењето на метал кај телефоните секогаш остава поквалитетен впечаток и на корисниците тоа им се допаѓа, посебно во споредба со многу години користената пластика од страна на Samsung кај поскапите модели.

Од тоа што може да се види од сликите, исто така се очекува Note 4 да го вклучува и сензорот за пулс воведен во S5 моделот, нешто што е најавено како можност и од достапните неофицијални информации.

Извор: GSMArena

Претходна статијаSamsung Unpacked 2014 Episode 2 ќе се одржува во три града симултано, се очекува претставување на Note 4
Следна статијаГрупно споделување на екранот преку Skype бесплатно за десктоп корисниците
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.