Иако на Европскиот пазар во моментов постојат околу 500 брендови на паметни телефони (смартфони), сепак до сега недостасуваше еден бренд од групата 10-те најголеми. Со гордост објавуваме дека 7-миот најголем производител на смартфони во светот, од неодамна е присутен и на Македонскиот пазар. Нивните телефони можете да ги најдете во понудата на оне.Вип! Ќе се изненадите колку овие нови смартфони се cool!
Coolpad Porto. Елегантен дизај, тенок и брз, сè во едно куќиште.
Coolpad Porto е смартфон со големина на екранот од 4,7 палци, по краевите е само 4,8мм тенок, а куќиштето – 7,9мм, што го прави овој телефон еден од најтенките на пазарот. Неговата закривена и ергонимична задна страна, како и изборот на лесни материјали (телефонот е само 119 грама тежок), даваат доем дека во рацете држите уметничко дело. Интересно за споменување е дека неговото куќиште е изработено од мек материјал од вистинки индиски ореви – на допир налик на бебешка кожа! Овој еко-материјал изгледа многу добро, зашто е дизајниран да биде неверојатно отпорен на вашите отисоци од прсти и други нечистотии кои се магнет за денешните смартфони. Coolpad Porto е достапен во модерна бисерно бела боја.
Овој модел вклучува задна камера од 8 мегапиксели со LED блиц, и предна камера од 5 мегапиксели. Со Coolpad Porto совршеното „селфи“ станува реалност, пред сè поради дизајнот на камерата која пропушта повеќе светлина (f/2.2 и BSI сензор), како и широкоаголната леќа која овозможува повеќе од вашите пријатели да се најдат на фотографијата (28мм). Селфи камерата има опција и да фотографира без притискање на копче. Доволно е да ја прилагодите опцијата Smile shutter, која ја детектира вашата насмевка и само тогаш автоматски фотографира. Доколку фотографирањето не е доволно, со Coolpad Porto можете да снимате видео со квалитет до 1080p Full HD.
И покрај тенкиот дизајн, овој телефон е многу брз, користејќи ја 4G LTE технологијата за брз пренос на податоци и конекција со интернет. Опуштете се, и следете ја вашата омилена ТВ емисија во живо, слушајте музика преку интернет, или пак воспоставете видео повик со вашите пријатели, сè во одличен квалитет и без пречки. А што мислите за промена на телевизискиот канал од вашиот телефон? Или пак промена во подесувањето на вашиот клима уред? Со едноставни три чекори, вашиот Coolpad Porto се претвара во универзален далечински управувач, кој ги контролира сите ваши уреди кои користат стандардна infra-red технологија.
Доколку очекувате ден со полна агенда, можете слободно да се потпрете на опцијата за штедење енергија (battery saver) и да го поминете денот без грижа дека телефонот ќе ви се испразни.
Coolpad Porto вклучува и неколку опции во својот софтвер, т.н. паметни гестови. Така на пример при исклучен телефон, доколку со вашиот прст на екранот ја напишете буквата-гест „с“, ќе се отвори апликацијата за правење повици, за да го стартувате веб прелистувачот напишете „е“, а за да пуштите музика напишете „m”. А доколку допрете со прст по екранот два пати последователно, ќе се вклучи телефонот.
За повеќе информации ве молиме посетете нè на www.coolpad.eu или следете нè на нашиот фејсбук канал FB/CoolpadMakedonija.
Coolpad производите се дизајнирани и произведени од компанијата Yulong Computer Telecommunication Scientific Co., Ltd. („Yulong Telecommunications”), која е водечки играч во индустријата за безжични комуникации со долга традиција. Yulong игра активна улога уште во самите почетоци на индустријата на паметните телефони во Кина, а денес е водечки снабдувач на интегрирани паметни телефони, системи за бежични комуникации и напредни деловни решенија на истиот пазар. Компанијата е основана во 1993, а од 2014 е регистрирана на Хонг Коншката беза. Како еден од првите производители кои се фокусира на инвестиции во истражување и развој на паметни телефони, блиско соработува со глобалните оператори за да овозможи иновативни, квалитни и единствени решенија. Yulong лансира повеќе од 80 модели годишно, кои ги пласираат на пазарите во Кина, Југоисточна Азија, Северна Америка, Индиа и од неодамна Европа.