Најновата конкуренција на iPhone во Кина е Smartisan T1, телефон измислен од школскиот учител Луо Јонгао, а дизајнот е направен од поранешниот дизајнер на Apple, Роберт Брунер.
Луо Јонгао, поранешен учител по англиски јазик, кој што привлече милиони следбеници од самата желба да оди против големите бизниси и status quo, на 20-ти Мај во Националниот Конференциски Центар во Пекинг го презентираше новиот смартфон кој смета дека ќе направи поголема продажба и од iPhone. Тој го нарекува овој телефон “најлесниот телефон за користење во источната хемисфера”. Smartisan T1 има 141mm височина, 68mm широчина и 8.23mm дебелина.
Што се однесува до оперативниот систем, базиран е на Android (верзија 4.4.2), а користи Qualcomm Snapdragon 801 процесор. Овој чип е опремен со 4 Krait 400 јадра чија што работна фреквенција во овој случај е 2.5 GHz, и Adreno 330 графички процесор.
Дисплејот на допир има 1080×1920 пиксели (Format Full HD). Предната и задната страна на телефонот се заштитени со Gorrila Glass 3. Задната камера има 13 мегапиксели, а предната 5 мегапиксели.
Во основа, овој телефон го има истиот распоред како iPhone 4 и 4S, со тоа што овде средината е покриена со пластични рамки. Има уште една сличност помеѓу Smartisan T1 и iPhone 4/4S, а тоа е механизмот за отворање и затворање на задниот оклоп.
Друга предност на овој телефон е тоа што се решава проблемот со користење на една рака, односно кога корисникот ќе го повлече екранот, сите икони се сместуваат на долниот дел од екранот, со што апликациите стануваат подостапни. Drag-and-drop акцијата е застапена и во Smartisan T1, но за разлика од повеќето телефони каде што треба полека да се повлече иконата низ повеќе home екрани, Smartisan OS го забрзува овој процес, допуштајќи да одзумирате, со тоа што има преглед на 4 различни home екрани со 36 икони (дозволува и преглед на 9 различни home екрани со 81 икона на Full HD уреди), да ја повлечете иконата и да ја шетате од еден на друг екран, без да чекате екранот да се смени.
Т1 ќе пристигне во Јули, достапен само во црна и бела боја, а неговата цена ќе се движи околу 500 долари, што е двојно повеќе од Xiaomi M3, најпродаваниот Android телефон во Кина. Според Луо, овој телефон го има најдобриот екран и најбрзиот процесор кој што е направен. Преостанува да видиме дали овој нов смартфон ќе успее да го победи долгоочекуваниот iPhone 6. Промоцијата на овој телефон можете да ја видите на линкот.