XZ1C

Јапонскиот производител на електронски уреди Sony, најави нова помала верзија од својот водечки модел на паметен телефон Xperia Z1.

Новата Compact верзија на Z1 ќе ги задржи главните карактеристики на водечкиот модел, со тоа што клучната разлика ќе биде во димензиите и големината на екранот. Xperia Z1 Compact доаѓа со 4.3 инчен IPS дисплеј со резолуција од 1280 x 720 пиксели и димензии од 127 x 64.9 x 9.5 милиметри. Уредот ќе тежи 137 грама. Батеријата ќе биде со намален капацитет од 2.300 мили-ампер часови, но како резултат на поефикасниот дисплеј истата ќе може да издржи подолго помеѓу две полнења.

Xperia Z1 Compact ќе го содржи истиот четири-јадрен Snapdragon 800 процесор на Qualcomm со работна фреквенција од 2.2 гигахерци, 16 гигабајти вградена меморија за складирање на податоци, 20.7 мега-пикселна камера и водоотпорен дизајн, идентично како и кај водечкиот модел. Телефонот ќе работи на Android 4.3 (Jelly Bean) оперативниот систем на Google.

Уредот се очекува да биде достапен веќе од средината на наредниот месец во четири различни варијанти – црна, бела, розова и зелено-жолта (lime). Цената засега не е позната.

Претходна статијаBringrr – полнач за во автомобил кој ќе ве потсеќа доколку сте заборавиле нешто
Следна статијаZTE претстави мулти-функционален проектор