До пред неколку години, секој нов iPhone беше пречекан со големи редици пред продавниците на Apple – секој сопственик на најпознатиот паметен телефон на светот, сакаше да го надгради со нов. Сепак, тоа е се помалку случај.
Според компанијата за истражување “Consumer Intelligence Research Partners”, 34% од телефоните од Јуни 2012 до Јуни 2013 биле 2 години стари кога биле заменети, додека наредната година бројот на 2 години стари iPhone-и се покачил на 50%. Ова значи дека корисниците веќе не купуваат iPhone секоја година, туку чекаат да им помине договорот, а некогаш дури и подолго од тоа.
Причините се повеќе на број, но главна е недостатокот на иновации во новите iPhone-и. На пример, денес има корисници на iPhone 5S, две и пол години стар модел, кои се целосно задоволни од брзината, дисплејот и камерата. Новите модели можеби понудуваат поголеми дисплеи, но останатите разлики се многу мали, како самиот квалитет на дисплејот или квалитетот на камерата.
Оваа причина може да стане уште поголема по најавата дека новите iPhone 7 модели кои ќе пристигнат годинава ќе имаат ист дизајн како актуелните модели и само Plus моделот кој ќе чини многу повеќе пари, ќе добие подобрувања, како на пример две камери позади.
Според истражувачите, проблемот е и во самите оператори, кои сега на друг начин ги нудат овие телефони, односно бараат да се плати целата сума, а потоа нудат можност корисникот да го врати телефонот после една година за да земе нов по пониска цена.
Извор: CNET, Fortune, 9 to 5 Mac