Неофицијални информации и слики има за сите популарни уреди на пазарот, но случајот со Google е посебен. Стандардно стана да од компанијата ги даваат уредите на дел од вработените за тестирање, па тие да бидат забележани некаде или дури и да ги заборават и остават во кафуле, на пример.
Корисник на Reddit објави дека возејќи се во метрото во Њујорк, забележал човек кој имал уред за кој тој тврди дека е непретставениот Google Pixel Fold. Сликите не го откриваат тоа, но човекот тврди дека тој добро го видел телефонот, го препознал по камерите на задната страна, а тој што би требало да е вработен во Google се обидел да го сокрие.
„Јас сум во возот А во Њујорк и успеав да ѕирнам вработен во Google со Pixel Fold. Телефонот е многу убав. Рамките однадвор се супер тенки. Типот прави се што може за да се прикрие. Телефонот е во темно сина, црна боја. Јас сум изненаден колку е тенок телефонот.“ – гласи објавата на Reddit.

Очекувањата се дека Google конечно ќе го претстави Pixel Fold во мај на Google I/O конференцијата која е официјално закажана за 10 мај. Интересно ќе биде да видиме дали Google ќе претстави нешто што ќе направи поголема разлика на пазарот или уред доста сличен со останатите.