surface2

Пред „големите“ паметни телефони, таблет компјутерите со големина од 7 до 8 инчи беа доста популарни. Доказ за тоа се големиот број на модели, како и популарноста на iPad Mini и Nexus 7 (двата модели). Со излегувањето и популарноста на телефоните со големина од 5,5 до 6 инчи, оваа категорија на таблет компјутери може да се каже дека полека исчезнува, па сега се оди на другиот крај, па се претставуваат таблети поголеми од 10 инчи.

Често можеше да се прочита дека и Microsoft спрема таблет компјутер во помалата категорија, а неговото име очекувано беше најавувано како Surface Mini. Овој таблет компјутер според некои информации требаше да биде претставен заедно со Surface Pro 3, меѓутоа тоа не се случи, па останаа само шпекулациите кои што најчесто говореа дека таблетот навистина бил планиран, меѓутоа откажан во последен момент.

Главната причина која што беше истакнувана за откажување на таблетот беше тоа што тој не претставувал ништо различно од тоа што го нудат останатите производители. Ова може слободно да се каже дека е добра причина, со оглед на тоа што овој таблет би работел на не толку популарен оперативен систем, па уредот би требало да понуди нешто повеќе од конкуренцијата за да ги заинтересира корисниците.

Во периодот што следи ќе можеме да видиме што едно добро хардверско решение може да направи за популаризирање и на оперативниот систем на кој што работи. Се разбира мислиме на новиот Surface Book кој што добива само позитивни оценки, а и бројот на нарачки е прилично голем.

Дека Surface Mini навистина постоел овој пат потврдува сега веќе познатиот Панос Панаи. Тој во интервју за Wired, објаснувајќи го целиот процес на развојот на Sruface Book, го споменува и помалиот Mini модел.

Тој овој модел, кој што сепак бил изработен, често го користел за запишување белешки во ноќта кога ќе му дошла одредена идеја. Така започнува приказната за развојот на Surface Book, а Mini моделот и не се споменува повеќе.

Шансите да биде претставен овој таблет компјутер се мали, односно скоро никакви. Тоа е така поради трендот на пазарот, како што веќе споменавме, на користење на поголеми паметни телефони, па потребата од малку поголем таблет скоро и да ја нема.

Microsoft исто така покажува дека Surface серијата во главно ја насочува кон професионалните корисници кои што им е потребна комбинација од мобилност и компјутер со целосни десктоп перформанси.

Извор: Wired, The Verge

Претходна статијаOppo Neo 7 е тенок и стилски телефон од средната класа
Следна статијаСо PowerUp FPV претворете го хартиеното авионче во беспилотно летало
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.