LG го претстави LG-SH240 мобилен телефон со тастатура која се отвора на лизгање. Покрај тоа што во време кога поголемиот број на телефони се од категоријата на паметни и доаѓаат со голем екран на допир, овој телефон има уште една карактеристика која што го двои од другите производи на пазарот. Неговите копчиња се направени од силикон и истите треба да го имитираат чувството на допирање на човечка кожа. Која е причината за воведување на ваква карактеристика не е познато, но можеби има некаква логика за корејскиот пазар каде што ќе биде продаван.
LG-SH240 доаѓа со камера со 2 мегапиксели, Bluetooth и можност за поврзување на 3G мрежа. Ќе се продава само во Јужна Кореа по цена од 260 евра.
Извор: The Register