На почетокот од овој месец можевме да видиме реклама од Samsung како ги исмејува корисниците на iPhone и нивната, според нив, слаба батерија. Денес Samsung пушти во јавноста уште една реклама која што е насочена кон нивниот конкурент, Apple iPhone.
Овој пат рекламата е нешто поинтересна и својата инспирација ја зима од се’ уште ненајавениот iPhone 6. Сите досега излезени шпекулации, неофицијални информации и слично, најавуваат дека наредната верзија од мобилниот телефон од Apple ќе вклучува и модел кој што ќе има поголем екран. Поголемите екрани се веќе одамна популарни кај корисниците на Android, па се очекува и Apple да се приклучи на овој тренд.
Во рекламата корисник на Samsung Galaxy S5 се чуди на својот пријател кој што се радува на најавите дека наредниот iPhone ќе вклучува поголем екран и гордо му кажува како тоа веќе одамна го има. Сепак, подгледнете ја рекламата, па кажете ги вашите мислења во делот за коментари.