vaio-phone

Да пресечеме уште веднаш, за оние што не знаат, Vaio веќе не е заедно со Sony и сите уреди што ќе излезат отсега, нема да го содржат името на јапонскиот производител, како неодамна претставените лаптопи. За разлика од порано, Vaio сега ќе произведува и паметни телефони и се очекува да биде посериозен играч на сцената.

Се работи инаку за телефон од средната класа, со дизајн кој многу потсетува на Nexus 4, со Gorilla Glass во предниот и задниот дел. Процесорот е четири јадрен со брзина од 1.2 GHz и тоа новиот Qualcomm Snapdragon 410. Потпомогнат е од 2 GB рам меморија, додека уште во старт е вграден Android 5.0 Lollipop.

Екранот има 720p резолуција од 1280х720 пиксели, растегнати на 5 инчи дијагонала, што е послабо од некои од конкурентите, но се чини доволно за остра слика. Камерата има 13 мегапиксели и според наша проценка, можно е сензорот да е на Sony. Предната камера има 5 мегапиксели, а двете камери можат да снимаат Full HD видео.

Vaio Phone е опремен и со 16 GB внатрешна меморија, со можност за проширување преку micro SD картичка, додека батеријата има капацитет од 2500 mAh, што е веројатно доволно за телефон со вакви спецификации.

312201530652PM_635_vaio_phone_va_10j

Цената на Vaio Phone изнесува 420 долари во Јапонија, што не е воопшто малку за телефон со вакви спецификации. Можеби Јапонците сакаат да го промовираат Vaio како премиум и сериозен бренд, но тоа дефинитивно не се прави со ваков телефон. Плус, дизајнот делува веќе застарено и воопшто не оддава луксузен и премиум впечаток. Ова е само еден најнормален и најобичен смартфон од средната класа.

И најинтересно од се, Vaio Phone е само различно брендиран Panasonic Eluga U2, со целосно исти димензии и спецификации. А Panasonic-от е поевтин за околу 20%. Се чини Vaio ќе мора многу повеќе да се потруди за да излезе од сенката на Sony.

Извор: The Verge, Engadget

Претходна статијаWonderCube – Сите мобилни потреби во еден мал уред
Следна статијаНајголемиот светски телескоп ќе биде конструиран во Чиле