ViewSonic-V55-tech-boom.com-02

Како што напредува технологијата така напредува и биометричната автентикација. Во основата таа е користење на нашите уникатни биолошки „карактеристики“ за да се автентицираме како корисник или лице. Такви уникатни карактеристики се отпечатокот од прстите, разни специфичности на кожата, гласот и неговата специфика (на пример, формантите), шареницата во окото…

Околу последното можеме да кажеме дека системите за автентикацијата на корисниците според шареница наскоро ќе се рашират на општиот пазар. Па така Viewsonic оваа година ќе го извади на пазарот V55 – телефон кој ќе има опција да ви ја скенира шареницата за да ве автентицира при плаќање, користење на телефонот и за други употреби. Од другите карактеристики овој телефон ќе поседува:

  • 5,5 инчен 1080p екран
  • 64 битен Qualcomm Snapdragon 410 на 1,4 ГХц
  • 2ГБ РАМ
  • 16 или 32ГБ меморија
  • 13 мегапиксели камера

Кога веќе зборуваме за камерата може да се спомне дека истата дозволува закачување на дополнителен објектив. Предната камера пак се користи за скенирање на шареницата во погореспомнатите случаи. Останатите карактеристики се ок и на место за телефоните од овој период. Секако, импресионира екранот кој според видеото има мала рамка околу него, давајќи му интересен изглед на телефонот. Уште не се знае кој оперативен систем ќе го користи телефонот, но веројатно е дека истиот ќе биде Андроид.

Инаку ViewSonic е американска компанија која нам ни е најмногу позната по нивните монитори и проектори, бидејќи отсекогаш произведувале висококвалитетни екрани кои го надминуваат просекот кој постои на пазарот. Интересно е што ViewSonic решиле да го освојуваат пазарот со потрошувачка електроника, но тоа нема да им биде прв пат. Тие веќе зад себе имаат V350 мобилен телефон како и ViewPad таблетите од 7 и 10 инчи, производи кои не беа импресивни дури ни за времето кога се извадени на пазарот. Но V55 изгледа како премиум телефон кој останува да видиме како ќе ги оствари очекувањата и колку ќе успее да се пробие на пазарот со неговата нова опција, скенирање на шареницата.

Извор: TechRadar, PhoneArena

Претходна статијаSamsung ќе го поедностави TouchWiz во Galaxy S6
Следна статијаБактериите се можна замена на нафтата како извор за хемиски деривати