Како и секоја друга компанија која произведува електроника, продажбата и маркетингот е тоа што ги држи компаниите во функција. Xiaomi практично убиваат две муви со еден удар, со тоа што прават настан на кој продаваат уреди по пониска цена со многу повеќе додатоци од нормално.
Резултатот? 335 милиони долари од паметни телефони, 30,6 милиони долари од телевизори и останати уреди. Ќе си речете дека не е толку импресивно и дека останатите компании прават многу поголеми заработки. Но, импресивниот дел во овие суми е што се направени само за 12 часа. Настанот трае 12 часа, и сите заработки се од него.
Маркетиншки, производите се поставени на настанот, и инстантната заработка ги оправдува вложените средства и попусти. Дополнително достигнувањето на толкава сума за толку краток период го зголемува публицитетот на кинеската компанија која е релативно нова на пазарот со паметни телефони.
Да не заборавиме, 2,1 милион продадени телефони во еден ден е светски рекорд, кој сега го држи Xiaomi.
Лани, Xiaomi успеа да продаде 1,3 милиони паметни телефони, додека оваа година (односно овие 4 месеци) бројката е 2,12 милиони паметни телефони. По сè изгледа дека компанијата ќе ја постигне целта за оваа година – да го дуплира бројот на уреди продадени од лани.