p-1

Xiaomi е кинеска компанија која што е една од најдобрите од овој тип во земјата. На голем дел од корисниците им е позната по развојот на MIUI променетата верзија од Android оперативниот систем со уникатен кориснички интерфејс, барем кога се споредува со Android уредите. При крајот на Март, Xiaomi претстави верзија од MIUI компатибилна со Nexus 7 таблет компјутерот, па можеби со тоа и навести дека планира да влезе на пазарот со сопствен производ.

Xiaomi Mi Pad како што и би се очекувало работи на MIUI корисничкиот интерфејс направен врз основа на најновата Android 4.4 KitKat верзија од оперативниот систем. Доаѓа со 7,9 инчен екран со резолуција од 2048 x 1536 пиксели, 2.2GHz Tegra K1 процесор и 2GB на RAM меморија. Доаѓа со избор од две верзии кои што се разликуваа според вградената меморија, односно 16GB модел со цена од 240 долари и 64GB модел со цена од 270 долари. На задната страна се наоѓа камера со 8 мегапиксели, а на предната страна таа е со 5 мегапиксели. Батеријата е со капацитет од 6.700 mAh и истата не може да се вади и менува.

p-3

Она по што од секогаш бил препознатлив MIUI е неговата сличност со iOS оперативниот систем, сличност која што е задржана и во неговата најнова верзија. Поради тоа, а и дизајнот на таблетот, доста луѓе го споредуваат со iPad mini моделот и го сметаат за негова директна конкуренција. Android таблет компјутерите веќе успешно конкурираат на тие од Apple, па успехот на овој уред, посебно со вакви цени, не би бил невозможен.

Претходна статијаАвторот на Game of Thrones серијата користи DOS машина за нејзино пишување
Следна статијаFoursquare ја претстави Swarm, со тоа ја подели апликацијата на две посебни
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.