Минатата година Xiaomi го претстави еден од највозбудливите смартфони на пазарот – Mi Mix, кој беше првиот од високата класа со исклучително мала рамка околу дисплејот. Сега, тие треба да претстават нов модел од високата класа, наследник на популарниот Mi 5, кој најверојатно ќе има мала рамка околу дисплејот и особено со ниската цена ќе биде трн во окото на етаблираната конкуренција.

Новиот модел ќе биде претставен на 19 април. Според најнови информации, првите модели ќе бидат опремени со Snapdragon 821, поради недостаток на 835-ките, но подоцна Xiaomi веројатно ќе го опреми овој модел со поновиот Snapdragon чип. Всушност, ова и не е неочекувано – Xiaomi редовно ги надградува своите смартфони со нови чипови.

Како што е мода во класата, ќе бидат достапни стандарден Mi 6 (5,1 инч) и поголем Mi 6 Plus (5,7 инчи) модели. И двата ќе имаат екрани со Full HD резолуција, што е помалку отколку кај останатите конкуренти, но затоа помоќните модели ќе бидат опремени со дури 6 GB рам меморија (основните модели ќе имаат 4 GB) и 256 GB простор, со можност за проширување преку micro SD картичка.

Напредок ќе има и кај камерите, кои ќе имаат поголем сензор и 12 мегапиксели, а Plus моделот веројатно ќе биде опремен и со двојна камера во задниот дел. Не помалку важно, голем акцент ќе има на дизајнот и изработката, како и на малата рамка околу дисплејот. Цените во Кина ќе почнуваат од околу 320 долари, што го прави Xiaomi Mi 6 еден од, ако не и најисплатливиот модел на пазарот.

Извор: The Verge, Android Central, NDTV

Претходна статијаДизајнот позади совршенството на Galaxy S8
Следна статијаOnePlus 5 ќе има Snapdragon 835 и 8 GB рам меморија?