Минатата година, Xiaomi го претстави уредот Mi Mix, кој според мене беше најдобриот смартфон претставен лани, пред се поради извонредниот дизајн без рамка во горниот и страничните делови од дисплејот, како и изработката од ќерамика. Според протечените фотографии од нивниот нов знаменосец Mi 6 и тој модел нема да има рамка, но во долниот и страничните делови.

Исто како и кај Mi Mix, дисплејот ќе има заоблени агли, што прави да одговара многу подобро со целиот дизајн на шасијата, но тука нема Edge закривеност на екранот на краевите како кај Galaxy S8. Сепак, смартфонот на Xiaomi ќе има помала рамка од конкурентот на Samsung, што значи дека ќе може да смести уште поголем дисплеј во помало пакување. Исто така, Mi 6 веројатно ќе остане верен на 16:9 соодносот на страните, за разлика од 18,5:9 на Galaxy S8 и 18:9 на LG G6, но резолуцијата ќе остане Full HD.

Xiaomi Mi 6 ќе биде инаку еден извонредно моќен смартфон. Во внатрешноста се вградува новиот Snapdragon 835 чип на Qualcomm, помогнат од масивни 6 GB рам во најмоќната изведба. Назад ќе се вградува двојна камера, која е предност во однос на Galaxy S8 на пример (иако многу други смартфони веќе имаат таква). Добра вест е и батеријата од 4.500 mAh, што е исклучително многу за смартфон со Full HD дисплеј. Како и со секој Xiaomi смартфон, очекувајте многу конкурентна цена, односно околу 30-40% пониска од смартфоните од високата класа на конкуренцијата, како Apple, Samsung, LG и Huawei.

Xiaomi Mi 6 треба да биде претставен на јавноста многу наскоро. Веројатно ќе бидат понудени две изведби со различна големина на дисплеите, а ќе има и неколку различни изведби на количината на рам меморија и простор за складирање податоци.

Извор: WCCFTech, Gizbot, The News Minute

Претходна статијаBlackBerry како бренд ќе се појавува на многу повеќе различни уреди
Следна статијаНеколку начини за проверка на велосипедот пред да се вклучите во сообраќајот