yota-phone

YotaPhone е мобилен телефон кој доаѓа од Русија, па покрај таа информација она што го прави навистина интересен се двата екрана, еден на стандардната предна страна, но и уште еден на задната страна. Задниот екран е направен во познатата и енергетски ефикасна технологија, популарно наречена e-ink.

Она што сепак недостигаше како можност на задниот екран е можноста за читање на книги од познатите сервиси како Amazon Kindle или Google Books, што е навистина чудно кога ќе се земе во предвид дека овие екрани станаа познати баш за таа можност. Рускиот производител сепак ги слушна овие забелешки и направи чекор кон подобрување на овој недостаток.

Поточно YotaPhone сега ја има можноста за читање на е-книги преку FBReader апликацијата која што има поддршка за Word и RTF документи, како и за .epub и .mobi форматите. Сепак ова нема да биде финалното решение, па се најавува можна соработка на YotaPhone со Amazon за воведување на поддршка за Kindle.

Претходна статијаИнсталирање на Ubuntu Touch до Android
Следна статијаGrippity, таблет со проѕирен екран и допир од двете страни
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.