Фото: Shutterstock.com

Mozilla оваа недела ја пушти Firefox 147 верзијата, која донесува неколку важни подобрувања насочени кон подобри перформанси, графичка поддршка и корисничко искуство.

Една од најзначајните новини е вклучувањето на WebGPU поддршката за Apple чиповите (M-серијата) на поддржаните macOS верзии. Ова овозможува побрзо и поефикасно користење на напредни графички можности директно во прелистувачот, што е особено важно за веб-апликации, игри и алатки кои бараат високи графички перформанси.

Корисниците со AMD графички карти ќе забележат подобрувања во репродукцијата на видео. Firefox сега користи zero-copy техника за хардверски декодирани видеа, со што перформансите се изедначуваат со оние на Intel и NVIDIA графичките. Ова значи помазно и поефикасно гледање на стриминг содржини без дополнително оптоварување на системот.

Уште една практична промена е автоматското отворање на слика-во-слика прозорче кога видеото почнува да се прикаќува во таб што е во позадина. Ова го олеснува мултитаскингот – можете да продолжите да сурфате додека видеото останува видливо во мал прозорец.

За програмерите, Firefox 147 додава поддршка за Navigation API и овозможува ES модули во service workers, што ја подобрува компатибилноста со современите веб-апликации.

Други значајни подобрувања вклучуваат:

  • Премин кон Safe Browsing V5 протокол со локален режим на листи.
  • Ажурирање на Unicode ICU 78, со поддршка за Unicode 17 и нови локали.
  • На Linux, усвојување на Freedesktop.org XDG Base Directory спецификацијата за подобра организација на датотеките.
  • Во режимот на строга заштита од следење, стандардно се ограничува пристапот до локалната мрежа – јавните сајтови ќе бараат експлицитна дозвола за пристап до локални ресурси.