Фото: Shutterstock.com

За корисниците кои немаат проблем да функционираат со отворени доста голем број на „табови“, можноста за нивно вертикално поставување е доста корисна, најверојатно и доста покорисна од можноста за нивно групирање. 

До некаде како доказ за тоа може да се земе популарноста на сега откажаниот Arc Browser, кој овозможуваше само вертикално поставување на табовите, иако имаше уште доста други функции поврзани со можноста за организирање на работата. 

Исто така, голем дел од конкурентите на Chrome веќе ја имаат можноста за поставување на табовите во вертикална позиција, па конечно оваа функција доаѓа и кај најпопуларниот прелистувач на пазарот. 

Достапна уште од пред некој месец во Canary верзиите од Chrome, можноста за вертикално поставување на табовите сега е дел од Beta верзијата, што значи дека наскоро може да се очекува и официјалното пуштање за сите корисници. 

Во Beta и Canary верзиите оваа функција не е автоматски вклучена, а тоа не е чудо така да биде и во финалната на почеток, па корисниците кои сакаат да ја пробаат ќе треба да ја вклучат преку „flags“ функцијата. 

Конкретно, со отворање на „chrome://flags/#vertical-tabs“ и менување на состојбата во „Enabled“, Chrome ја добива можноста за вертикални табови.