red and white labeled box
Photo by Brett Jordan on Pexels.com

После повеќе години од додавање кај својата Android верзија, Google конечно ја додава можноста за мерење на брзината кај Maps и кај својата iOS верзија. Корисниците на iPhone сега ќе можат да гледаат колку брзо возат и кое е ограничувањето при навигација со Google Maps.

Ова е доста корисна функција која не е достапни ни кај Apple Maps, па корисниците мораа да користат некоја од другите апликации, како на пример Here WeGo.

Според информациите, оваа новина треба да има е достапна на сите корисници во светот, иако можно е пуштањето да биде направено постепено како што често е практиката.

Со оглед дека Google Maps слободно може да се каже дека е апликацијата број 1 од ваков вид, а посебно кај нас, оваа новина дефинитивно ќе ги израдува доста корисници.