Во август оваа година Google најави дека планира да воведе систем за верификација на програмерите кои развиваат апликации за Android, дури и ако тие апликации не планираат да ги објават преку Play Store.
Целата на оваа одлука е да ги заштитат корисниците од малициозни апликации и измами кои не се баш ретки, а програмерите кога нивната апликација ќе биде тргната, се што треба да направат е да ја објават под друга сметка.
Од Google оваа ситуација ја опишуваат со позната американска изјава „удри го кртот“, односно ситуација во која секогаш кога проблемот ќе биде решен, тој повторно се појавува од друга страна.
Очекувано, најавените нови правила предизвикаа доста критики, а посебно за отвореноста на Android системот кој овозможува инсталација на апликации од било кој извор, како на компјутерите.
Поради тоа од компанијата, за време на најавата на почетокот на почетниот пристап до системот за верификација, најавија дека ќе направат одредени „олабавувања“ на правилата за одредени корисници.
Едната група која ќе има полесен начин да објавува апликации на Android ќе бидат студентите и програмерите на кои програмирањето им е хоби. Овие програмери ќе можат да ги објават своите апликации со помалку процедури на ограничен број на корисници, а како пример се истакнува развојот на апликации за мала група на луѓе, односно за фамилијата.
Другата група ќе може да продолжи да инсталира апликации без разлика дали програмерот е верификуван, а во оваа група се понапредните корисници. За таа цел ќе биде развиен нов систем за предупредување и заштита при инсталација на апликациите, кој напредните корисници ќе можат да го прифатат.
Од објавата може да се заклучи дека од Google не се откажуваат од планот да го воведат верификувањето на програмерите, но ќе се обидат да не ја уништат отвореноста на Android, поточно познатата практика на „sideloading“ на апликациите.
Инаку, овој нов систем ќе почне да функционира од идната година во Бразил, Индонезија, Сингапур и Тајланд, а за сите земји во светот од 2027.












































