Фото: Shutterstock.com

Google најави 5 нови алатки кои доаѓаат кај нивната Google Photos апликација, конкретно наменети за измена на видеа, односно за можноста за креирање на видеа од сликите и видеата кои корисникот ги чува преку оваа апликација. 

Корисниците и досега можеа да направат таканаречено „highlight“ видео, но сега овој дел од апликација добива унапредување

Првата новина донесува веќе подготвени шаблони, па корисниците се што треба е како и досега да ги изберат сликите и видеата од кои би сакале да направат видео, но сега со избор од различни стилови со музика, текст и преодни ефекти. 

Втората новина донесува подобрување на веќе достапниот „видео едитор“, а оваа функција сега е побрза, полесна за користење и овозможува можноста за измена на повеќе видеа и слики како дел од главното видео. 

Google Photos добива можност за избор на музиката која ќе биде дел од видеото кое се креира, а тука е и можноста да се додаде текст врз видеата. 

Петтата новина вклучува подобрена функција за измена на поединечни видеа, па корисниците ќе можат да прават работи како додавање ефекти, стабилизација и слично.