Фото: Shutterstock.com

Microsoft полека, но сигурно го трансформира својот прелистувач Edge во нешто што сè повеќе личи на Copilot, нивниот популарен AI асистент. Во најновите тест верзии на Edge, компанијата експериментира со целосно редизајниран кориснички интерфејс кој директно влече инспирација од дизајн јазикот на Copilot апликацијата.

Новиот изглед вклучува позаблени агли, усогласени бои и фонтови кои потсетуваат на Copilot. Промените се видливи на неколку клучни места: нов „таб“, контекстните менија и делот за прилагодувања. Сè изгледа почисто и помодерно, но јасно е дека Microsoft сака да го унифицира визуелниот идентитет меѓу Edge и Copilot.

Овој дизајн првично се појави исклучиво во Copilot апликацијата и се разликува од долгогодишниот Fluent Design систем кој го користат Windows 11 и другите производи на Microsoft. Сега, изгледа дека Copilot станува нов стандард за идните интерфејси.

Тестирањето се одвива во Canary и Dev каналите на Edge, каде промените се воведуваат постепено, односно не секој корисник ги добива веднаш. Според очекувањата, ќе поминат неколку месеци пред овој редизајн да стигне до стабилната верзија која ја користат милиони луѓе.

Ова е уште еден знак дека Microsoft сака да го интегрира Copilot длабоко во секојдневието на корисниците, правејќи го Edge не само прелистувач, туку и портал кон AI можностите. Дали ова ќе им се допадне на сите? Времето ќе покаже, но промената дефинитивно е на повидок.

Новите промени ги откриваат дечките од Windows Central, каде се достапни и сликите преку кои се гледа влијанието на Copilot.