Фото: NASA

Нешто слично на сцена од Netflix серијата „Space Force“ се случи оваа недела во орбитата на Земјата, за време на преносот во живо од Orion леталото во рамките на Artemis II мисијата

Проблемот кој Microsoft го создаде за своите корисници, а посебно бизнис корисниците, беше пренесен и во орбитата од Земјата, а проблемот е поврзан со постоењето на две верзии од познатата Outlook апликација. 

Во разговорот, еден од астронаутите кажува дека гледа две верзии од Microsoft Outlook и двете не функционираат, па бара од NASA да се поврзат со неговиот компјутер за да го средат проблемот. 

Приказната со Outlook е позната, а започна пред неколку години. Microsoft реши да направи една унифицирана апликација која ќе ги замени апликациите Mail and Calendar во Windows, како и класичната Outlook апликација која со децении се користи од страна на бизнисите. 

Новата апликација за жал е направена со веб технологии, наместо со кодот кој се користи за матични Windows апликации, па критиките за функционалноста се целосно очекувани и оправдани. На тоа треба да се додаде и фактот дека не сите функции од класичната апликација се пренесени. 

Microsoft, кои добиваат критики веќе неколку години, изгледа конечно се имаат одлучено да преземат нешто, па овој случај можеби ќе служи како уште поголема мотивација за нив. 

Видеото од разговорот можете да го погледнете во продолжение.