mainV5

Од денеска е достапен Viber 4.2 за корисниците на iOS оперативниот систем, односно за корисниците на iPhone. Главно во оваа нова верзија е дизајнот кој што конечно е направен во согласност со новиот „рамен“ стил карактеристичен за iOS 7. Се разбира покрај прилагодениот дизајн, новата верзија вклучува исправка на пријавените проблеми од корисниците, како и следните новини:

  • Можност за испраќање на повеќе слики и видеа во исто време
  • Листа на блокирани корисници, кои што нема да може да ви испраќаат пораки или да ве повикуваат преку аудио повици
  • Испраќање на подолги видео пораки

Viber 4.2 апликацијата е достапна во App Store и можете да ја симнете или надградите преку следниот линк.

viber-ios-42-qr