Panels апликацијата за позадини, која беше направена од екипа организирана од страна на познатиот Маркез Браунли, од крајот на годината веќе нема да постои. Апликацијата ќе биде затворена, а секако и тргната од продавниците за апликации.
Идејата зад Panels доаѓа откако поголем број на луѓе го имаат прашувано Браунли од каде му е позадината на телефонот или компјутерот на неговите видеа. Браунли навистина секогаш има интересни позадини, па после големиот интерес на гледачите, тој реши да претстави апликација за позадини.
Апликацијата беше претставена во септември 2024 година, а на почетокот доби и доста критики, поврзани со цената на позадините, дозволите кои ги бара од уредот и слично.
Без разлика на тоа, критиките беа послушани и исправени истакнатите проблеми, па Panels успеа да се искачи на првото место на App Store и Play Store, а се истакнува и тоа дека досега биле симнати повеќе од 2 милиони позадини.
Причината за затворањето на Panels е поврзана со екипата која стои зад неа.
„Имаме важни вести да споделиме. На почетокот од годината, составот на тимот за развој се промени и покрај нашите најдобри напори да привлечеме соработници кои ја делат нашата страст и визија, не можевме да го пронајдеме вистинскиот кандидат. Наместо да ја одржуваме апликацијата во функција без да можеме да ја развиваме на начинот на кој првично го замислувавме, сметавме дека е најдобро да направиме целосно исклучување.“ – истакнуваат од Panels.
Кодот на Panels ќе биде отворен по бришењето на податоците од корисниците, па секој кој би сакал да развие сопствена ваква апликација, истото ќе може да го направи на основа на оваа апликација.
Корисниците кои се имаат претплатено ќе им бидат вратени парите, а тие тоа можат да го побараат и порано од затворањето на апликацијата.
Маркез Браунли објави и видео за оваа одлука, а истото можете да го погледнете во продолжение.










































